Лекарите велат расте бројот на пациенти со мозочен удар, но се намалува и старосната граница. Сѐ повеќе млади луѓе се соочуваат со болеста. Причините се современиот начин на живот.
Мозочниот удар е причина број еден за смртност и инвалидитет, трајно онеспособување на пациентите.
-Старосната граница се намалува и кај мозочните уради и кај другите кардиоваскуларни болсести. Пред се причините се во стилот и начинот на живот. Стресот како голем ризик фактор, потоа пороци, конзумација на алкохол, цигари, неправилна исхрана, седален животен стил, вели д-р Маја Божиноска Смическа од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо”.
Миотонични мускулните дистрофии кај децата се најчестите невролошки ретки заболувања во регионот. Овие болести се застапени тројно повеќе.
-Ако се предвидува дека еден невролог би видел таква болест еднаш во годината ние овде се среќаваме по три до четири пати годишно со случај од оваа болест. Исто така во нашиот регион има хередитарни невропатии од невролошките болести. Имаме пациенти со фредрајхова атакција. Повторно најголем дел од пациентите се деца, вели д-р Божиноска.
Во специјалната болница Свети Еразмо се подобрени условите за третман и лекување на пациентите. Има доволно стручен кадар, но и хидро, електро и физикална терапија.
Новинар Соња Рилковска