Skip to main content

Охридска архиепископија

МПЦ на чекор до добивање томос за автокефалност

После вчерашниот историски настан во Контантинополската архиепископија МПЦ е на чекор до добивањето нa томос за целосна автокефалност. Според аналитичарите, кои се дел од Европската конференција за религиски дијалог што се одржува во Струга, сеуште не се знае какво ќе биде името на МПЦ – ОА во него.
 |  инфодеск  | 
МПЦ

После првата одржана литургија на македонски јазик во црквата на Вселенската патријаршија, МПЦ е на чекор до добивањето на томос за автокефалност. Заедничката литургија вo Контантинополската архиепископија е најголемиот ден во историјата, сметаат аналитичарите.

Веруваат во успешен крај на целиот процес најдоцна за неколку месеци, но сеуште не се знае какво ќе биде името на МПЦ-ОА во Томосот.

Претпоставувам дека ќе биде само Охридска архиепископија, а не МПЦ веројатно како дел од договорот за да се задоволат сите интереси. Претпоставувам на барање на Грчката црква нема да фигурира Македонска во Томосот – изјави Александар Кржаловски, директор на македонскиот центар за меѓународна соработка.

Од друга страна, очекувано е Охридска архиепископија дека нема да и се допадне на Бугарската православна црква.

Можно е да има разни имиња за разни употреби веројанто БПЦ ќе избегнува можеби ќе зборува за МПЦ, но ќе избегнува да кажува Охридска архиепископија бидејки и тие се сметаат за наследнички на ОА – додава Кржаловски.

Она што се случуваше со МПЦ според верските правила беше нелогично, така што сега дојде до правиот епилог. Всушност ова е една логична завршница на еден процес кој МПЦ го водеше многу долго – вели Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет.

Односот на религијата кон глобализацијата, како чувар на националниот и верскиот идентит се дел од темите на Европската конференција за религиски дијалог што се одржува во Струга, а на која учествуваат 83 експерти од 20 земји од светот.

Новинар : Соња Рилковска