МПЦ не ги открива плановите што ќе прави со просторот каде што се сместени веслачите од ВК ЈУГ
МПЦ не ги открива плановите што ќе прави со просторот каде што се сместени веслачите од ВК ЈУГ.
Како што ТВМ информираше веслачкиот клуб Југ може да ги загуби просториите и спортската опрема по загубен судкси спор со МПЦ. Клубот нема пари да ги исплати судските и адвокатските трошоци во висина од 450.000 денари, па утре има решение извршителите да дојдат и да го преземат клубот, напоменува претседателот и тренерот на веслачкиот клуб Климе Матилоски. Од МПЦ побаравме одговор што ќе се случува со просториите каде што повеќе од 8 децении работеше и постигнуваше успеси еден од најстарите градски спортски клубови.
Од Кичевско – дебарската епархија не информираа дека немаат благослов да се произнесат за идните планови и во што ќе се пренамени објектот каде што е сместен клубот.
Утре ќе се решава судбината на веслачите од Југ кога извршителите може по 8 децении да ги иселат од хангарот и да им ги запленат кајчињата и веслата за да се наплатат судските и адвокатските услуги,по изгубениот спор кој Југ и МПЦ го водеа 5 години. Клубот ја информирал општината за тешката ситуација во која се наоѓа по судксата одлука. Очите за спас на ВК Југ се вперени кон Локалната самоуправа и државата.
ТВМ ја конатактираше и Локалната самоуправа од каде што кажаа дека е планирана средба со претседателот на клубот Југ по завршување на утрешната седницата на Советот. Можноста најстариот веслачки клуб Југ да згасне револтира голем број граѓани кои гледаат со респект на овој спортски клуб низ кој минале генерации охриѓани-веслачи.