Утре 7-ми јули (четврток) со почеток во 18:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи самостојна изложба на академскиот сликар Славко Упевче.
Изложбата е организирана како придружна манифестација на отворањето на Балканскиот фестивал на народни песни и игри од Охрид, а е поддржана од Министерството за култура како проект од национален интерес „Муренките црници во изумирање во Радожда“ од академскиот сликар Славко Упевче.
По изложбата следува и свечен коктел на бродот „Армада“. Тргнување во 19 часот.