Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
Денеска е втор ден од Рамазан Бајрам.
Верниците со исламска вероисповест го слават празникот Рамазан Бајрам со кој завршува Светиот месец Рамазан и се означи крајот на едномесечниот пост. Прославата за рамазанскиот – Бајрам трае три дена, денеска е вториот ден од празникот. Ведат Хасан Сарачаглу пензиониран наставник кој сега живее во Истамбул – Турција се потсетува како некогаш се славел Рамазан Бајрам или Шеќер Бајрам во Охрид. Раскажува дека кога биле деца родителите ги носеле од роднина до роднина, од пријател до пријател со цел да ги запознаат, а во денешно време родителите оделе сами, а децата сами. „Празниците треба да се слават од срце и со душа, а не од мегаломанија, за да се каже кој сум јас“, вели Ведат Хасан Сарачаглу.
„Интересно е што за време на рамазанот се прават големи подготовки за Бајрамот. Една од подготовките е Кадир Геџе или Судбинската ноќ. Тогаш е донесен куранот на 26 ноќ, 27 вечер. Од тој ден до Бајрам треба да се даде помош на сиромасите. Се дава по член на семејство и се носи на некој сиромав“, вели Ведат Хасан Сарачаглу.
Сарачаглу рскажува дека нивната вера предвидува и давање на Фитје, а тоа е кога некој болен неможе да пости за 30 те дена колку што е постот треба да даде по една вечера на некоја сиромашна фамилија. Најпозната давачка кај муслиманитекоја се дава преку цела година, а најмногу за бајрам е зеќаат.
„Интересно е за зеќаатот дека тој што го прима не треба да знае кој го дава. Затоа уште од фадилсултан мемет уште ноќе ги спремал вреќите и пред секоја куќа ги оставал без да знаат кој ја дал таа помош. И ние истото го правиме сега и тоа сега повеќе го прават отколку пред 30-40 години. Зеќаатот или заштита на капиталот кој го имаш е 2,5 % од печалбата“, вели Сарачаглу.
Муслиманската трпеза за Бајрам е најбогата. Има најразновидни јадења, а баклавата е во прв ред.
„Јас имам доста пријатели христијани кои ми доаѓаат за Бајрам, а за Велигден ми даваат јајца. Често велам Баклавите ние ги правиме за христијаните, а тие јајцата за нас“, додава Сарачаглу.
Сарачаглу ги објасна и адетите кои ги прават верниците за време на празникот. Објаснува дека утрото на Бајрамскиот ден по дневното клањање и посебното клањање за Бајрам, верниците оделе во џамија и додава дека пред да одат мора да бидат чисти. Открива и дека по клањањето поткаснувале нешто слатко или дел од баклавата со цел со слатка уста да одиме во верскиот храм. По клањањето пак во џамијата верниците оделе на гробишта.
Сарачаглу признава дека не ги прифаќа туристичките патувања за Бајрам. Тој вели „Можеби сум со застарени сваќања, но сметам дека за Бајрам треба секој дома да е“.
{loadposition content9}