Skip to main content

Музејот Робевци ќе биде отворен пред летната сезона

Пред почетокот на летната туристичка сезона ќе биде отворен Музејот Робевци во Охрид. Привршуваат зафатите за обновување на овој објект, открива директорката на Националната установа Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска. Овој објект кој важи за ремек дело на старата охридска архитектура, заслужува поголема промоција од туристичките агенции и неговата посетеност треба да биде многу поголема, бидејќи во нејзините одаи се крие богатство на едни од највредните културно историски обележја на древниот Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Куќата на Робевци комплетно се обновува. Во еден од најрепрезентативните објекти на градската архитектура ќе бидат поставени нови изложбени поставки на трите ката од овој спомен дом. Како што пренесува директорката на Установата Завод и Музеј Охрид, Тања Паскали Бунташеска во тек е санација и на ентериерот, таваниците, подовите, долапите и опшивите, а се конзервираа сите резбани премети и голем дел од етнолошката збирка со дрвени предмети.

„Оваа година до почетокот на летната сезона комплетно ќе бидат завршени сите работи на ентериерот на Музејот на Робевци. Во тек ни е постапката за набавка на витрини и кога ќе бидат набавени ќе бидарт наместени новите музејски поставки и до почетокот на сезоната ќе го отвориме и Музејот

Куќата на Робевци, едно од од најспецифичните зданија на старата охридска архитектура, изградена во 19 век ја обновува Министерствот за култура Последната реконструкција била извршена во 1990 година. Директорката очекува дека реновираниот музеј ќе ја зголеми посетеноста.

„Се надевам дека сега со новите поставки во Музејот на Робевци ќе влегуваат и повеќе туристи. Инаку многу е мала посетеноста на Музејот на Робевци на посебно на Галеријата на икони имаме најмала посетеност“

Куќата на Робевци претставува заштитен споменик на културата и во неа е сместен Археолошкиот музеј, етнолошката поставка, богат фонд на предмети од семејството Робевци, Златната соба и вредни дела на охридската резбарска школа.