Skip to main content

Музичари со кои Охрид треба да се гордее

Охриѓанецот Филип Гавриловски е млад виртуоз на хармоника. Надежниот Гавриловски  од сите меѓународни натпревари, дури и оние со најтешка конкуренција се враќа со освоено прво место.

 |  Голабовски Крсте  | 
harmonikasi
хармоникаши

filipОхриѓанецот Филип Гавриловски е млад виртуоз на хармоника. Надежниот Гавриловски  од сите меѓународни натпревари, дури и оние со најтешка конкуренција се враќа со освоено прво место.   

Во низата успеси и признанија  Филип неодамна придодаде уште четири први места. Тој беше најдобар во својата категорија на меѓународниот натпревар што се одржа од 6 до 12 мај во Бјелина, Р. Српска. Од 134 претставници од 12 држави од Европа , Филип  ја понесе првата награда за соло настап и специјалната награда за камерна музика. Гавриловски  е неприкосновен  во својата категорија и во Македонија. На  Државниот натпревар кој се одржа во Скопје, од 15 до 17 мај, Филип беше прв во  соло настап и  во камерен состав.

dimitarПредходно на Меѓународениот натпревар во хармоника во Белград, Р. Србија, кој важи за еден од најдобрите во светот, и според квалитетот и според бројот на учесници, охриѓанецот Гавриловски ја освои првата награда за својот соло настап.

Филип свири од својата деветта година. Своите почетоци ги направи во ОМУ  „Методи Патче“ – Охрид, под менторство на наставникот Наумче Џуклевски. Во моментов е ученик во втора година на Државниот музичко балетски училишен центар „Илија Николовски – Луј“  во класата на проф. Зорица Каракутовска.

По неговите стапки оди уште еден член на семејството Гавриловски и млад талент од охридскиот музички расадник  ОМУ „Методи Патче“. Помалиот брат на Филип, Димитар, на Државниот натпревар во виолина освои прва награда за соло настап  и прва награда во камерна музика.  Димитар е ученик во  5та година во охридското музичко училиште,  во класата на Кирил Белистојаноски.

{loadposition content9}