Музичкиот дел на Охридско лето, завршува со концертот на Немања Радуловиќ
Атрактивен концерт за крајот на музичкиот дел на Охридско Лето.
Со концерт на српскиот виолинист Немања Радуловиќ, кој се вбројува меѓу највпечатливите уметници од младата генерација на денешната музичка сцена, во пијано придружба на Сузан Маноф од САД, вечерва се затвора музичкиот дел од програмата на Охридско лето 2013. Познатиот виолинист, кој со своите атрактивни настапи го одушевува аудиториумот и пијанистката позната по својот афинитет кон камерната музика , во акустичната Света Софија ќе изведат дела на Чајковски, Моцарт, Бах, Франк, Равел. „Во коципирањето на програмата на музичкиот дел на фестивалот Охридско лето големо внимание се посветува на изборот на уметник за концерт на свеченото отворање на фестивалот, но не помалку внимание се посветува и на уметникот кој треба да настапи и на завршниот концерт на фестивалот. Задоволствт е големо што и оваа година имаме големо име, познатиот виолинистот Немања Радуловиќ еден од најпознатите, најуспешните и најпрепознатиливите уметници на денешнината кој со своите квалитетни настапи го воодушевувава аудиориумот низ целиот свет“, истана музичкиот селектор на охридско лето Гордана Јосифова Неделковска.
„Годиниве наназад пред 8 години тој ја имаше можноста да наспапи на Охридско Лето како солист со камерниот ансамл Св. Ѓорѓија од Белград и уште во тој период ги доби сите награди за уметничка годината, талент на годината со тоа што стручната критика како и многупати беше во право дека од него се очекуваше да биде високуметник како што тој е денес. Ќе настапи со пијанистаката Сузана Манов која е една од најпрепознатиливите камерни музичари и секако една од најбаран пијано соработници во светот“, истакна Гордана Јосифова Неделковска, музички селектор на Охридско Лето.
Виолинистот Немања Радуловиќ, не е прв пат на Охридско лето. Тој не го крие своето задоволство што и вечерва ќе свири во СВ. Софија, простор за кој вели дека е воодушевен од акустиката и историјата скриена во ѕидовите и поврзаноста помеѓу акустиката и архитектурата.
„Мене ми преставува задволство повторно да сум во Македонија, земјата која многу ја сакам и со која сум поврзан затоа што имам роднини овде. Навистина се радувам што после десет години што еве повторно ќе свирам овде и во Охрид ќе ја преставам програмата која ја свирев во Белград. Без оглед на тоа што години живеам во Париз, добро е што се вратив на овој регион и што ќе ви понудам нешто од она што го работам таму“, истакна виолинистот Немања Радуловиќ.
Не само Радуловиќ, од акустиката на Св. Софија воодушевена е и Сузан Маноф. Покрај од просторот таа е задоволна и од трационална храна и специјалитетите кои ги пробала овде, како и од гостопримливите и љубезни домаќини.
„Мое огромно задоволство е што сум овде со Немања, затоа што ние сме поврзани како уметници. Нашата љубов кон репертоарот како и кон семејството е подеднакво иста и многу инспирира што сме овде заедно. Местото каде што ќе свириме вечерва е многу убаво и нашиот репертоар кој сакаме да го свириме не води до нови димензии и тое е ново искуство за мене кое е многу прекрасно“, истакна пијанистката Сузан Маноф.
Виолинистот Немања Радуловиќ е роден 1985 година во Ниш, уште пред заминувањето во странство, тој одржал стотина концерти и освоил бројни признанија како што се Октомвриската награда на град Белград за творештво на млади уметници, наградата за Талент на годината што ја доделува српското Министерство за образование и други. Знаењето го црпел од познатиот Џошуа Епштајн на Високата музичка школа во Сарбрикен, а потоа и на Факултетот за музичка уметност во Белград во класата на професор Дејан Михајловиќ, за да во септември 2000 година биде примен и на Националниот конзерваториум во Париз. Постдипломските студии завршил во Италија.
Концертот на Немања Радуловиќ и Сузан Маноф ќе се одржи вечерва во црквата Св Софија во 21.00 часот.
{loadpozition content9}