Skip to main content

Уметност

Музичка и драмска класика на Охридско лето

Вечерва на музичката сцена на Охридско лето, во Црквата Св.Софија во 21.00 часот музички времеплов на Андрија  Минчиќ – кларинет со Тадија Минчиќ-фагот во соработка со Никола Цветковиќ – пијано Србија. Додека во НУ Григор Прличев во истиот термин ќе биде изведена театарска претстава „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен во режија на Нина Николиќ а во продукција на НУ Македонски народен театар – Скопје Р.С.Македонија играат Ѕвездите на МНТ.
 |  инфодеск  | 
Охридско лето

Вечерва на репертоарот на Охридско лето, публиката на различни локации ќе може да проследи музичка и драмска класика.

Во 21.00 часот во Црквата Св.Софија како дел од музичката програма музички времеплов на Андрија Минчиќ – кларинет со Тадија Минчиќ-фагот во соработка со Никола Цветковиќ – пијано Србија ќе се изведуваат :

К. Сен-Санс: Соната за фагот G-dur оп. 168

Allegro moderato, Allegro scherzando

Molto adagio – Allegro moderato

Г. Коларовски: Соната за пијано III став – Toccata

А. Гргин: Кончертино за кларинет

Л. В. Бетовен: Трио кларинет, фагот и пијано оп. 11 B-dur “Гасенхауер трио“

Allegretto con brio, Adagio

Tema con variazioni: “Pria ch’io l’impegno”: Allegretto

Андрија Минчиќ дипломира во класата на проф. Анте Гргин, а потоа специјализира камерна музика на Факултетот за уметности при Универзитетот во Ниш.

Тадија Минчиќ е роден во 1990 година во Ниш и започнува да учи фагот со проф. Мирко Исаески (ФМУ Белград) а дипломира и магистрира во класата на проф. Еберхард Маршал на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Минхен.

Никола Цветковиќ дипломира и магистрира на Факултетот за уметности во Ниш во 2013 година. За време на студиите како соло уметник и камерен музичар настапува учествува на бројни натпревари во земјата и странство.

Додека пак во истиот термин во Центар за култура „Григор Прличев ќе биде изведена театарската претстава „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен

Режијата е на Нина Николиќ, а улогите ги толкуваат ѕвездите на Македонски народен театар.

Да се каже дека денес некој класик на драмската литература е актуелен, звучи општо кажано. Но, кога ќе го погледнеме драмскиот текст на Хенрик Ибзен „Народен непријател“ Драмата во пет чина, првпат е објавенна 28 ноември 1882 година со оригинален наслов „En folkefiende“,  фасцинантно е колку допирни точки гледаме меѓу општеството во кое живееме и она кое се врти против доктор Стокман.

Продукција е на НУ Македонски народен театар – Скопје Р.С.Македонија.