Skip to main content

Културолошка иницијатива 5 до 12

Музичко филмски викенд во Касарна Охрид

Со Кул револуција и рап еволуција во петок и проекција на македоските филмски класици на отвореното кино со автомобили се заокружува четвротото најпосетено алтернативно културно забавно лето во Охрид
 |  инфодеск  | 
Кино проекции

Музичко-филмски викенд во комплексот Касарна Охрид за затворање на четвртото алтернативно културно забавно лето огранизирано од Културолошка иницијатаива 5 до 12.

Кул револуција и рап еволуција е насловот на музичкиот, а отворено кино со автомобили е филмскиот раритетен настан што прв пат е организиран во 2020 година.

Отворено летно кино за луѓето беше многу интересно бидејќи никој не памти такво нешто, во Охрид прв пат во историјата се организира таков настан, во Скопје во 60ти, 70ти, неколку пати е организирано и затоа сакавме да го вратиме тој настан затоа што е многу интересен како концепт и да си дел од таков настанат така што ги поканувам да дојдат во сабота 20-ти и недела 21-ви. Но исто така уште утре 19-ти го започнуваме викендот со музички концерт на млади артисти од Скопје Матеј Фолц, Зи Бомб, Пецо исток и Д-џеј Петар.“, вели Јован Цветковски од Културолошка иницијатива 5 до 12.

Ова издание во знакот на самоисполнување, самоизразување, креативност и ментално здравје поминува со причично голема заинтересираност за понудените културно забавни.

Можам да кажам дека засега е едно од најдобрите изданија со оглед на претходните године кои ги имавме проблемите со пандемијата, оваа година бројаката на посетеност на млади луѓе на настаните е изненадувачка во позитивна смисла.“, истакнува Цветкоски.

Веќе наредната година Иницијативата ќе одбележи 5 годишен мини јубилеј чија што концептуална подготовка започнува веднаш по завршување на ова издание.

Генерално концептот сакаме да остане ист бидејќи сакаме настаните кои што ги започнавме од првата година да се развиваат да се крева на квалаитет да се додаваат нови работи за да се подобрува самиот настан концептпт би го држеле ист сакаме настаните кои поминуваат предобро да го креваат нивото и да станат традиционални на алтернативната сцена во нашиот град а секако дека имаме спремно и нешто ново за наредното издание.“, најавува Цветкоски.

По петочната рап еволуција изданието ќе биде заокружено со проекции на македонските филмски класици Мирно лето во сабота и култниот Тетовирање во недела во 21.00 часот.