Skip to main content

МЖСПП отфрла одговорност за струшката депонија

Македонско здружение на млади правници  го тужат министерството за животна средина, покрај општината Струга и комуналното п-је дека на граѓаните им го повредиле правотo на здрава животна средина затоа што и понатаму се дозволува одлагање отпад на струшката дива депонија. Од Министерството за животна средина велат дека се запознаени со поднесената тужба и ја отфрлаат одговорноста.

 |  Соња Рилковска  | 



Министерството за животна средина ја отфрла одговорноста за струшката депонија.  После поднесената граѓанска тужба  од Здружението на млади правници во земјава, велат дека немаат никава одговорност.  Депонијата во Струга е дива и нестандардна , а министерството не издало одобрение за локација за депонирање отпад, вината ја лоцираат во општина Струга.

„Таа е дива , нелегална локација за неа не е издадена дозвола и верувам дека ова ќе се задржи на локално ниво. Одговорноста во делот за управувањеtо со отпадот во формирањето со ѓубришта тоа е одговорност на локалната самоуправа“,  вели Ана Каранфилова , Раководител на Сектор за отпад при МЖСПП

Со граѓанската тужба се бара итно затворање на струшката депонија, бидејќи со вештачењето се докажа дека се загадува воздухот, почвата, Охридското езеро со што се загрозува  здравјето на граѓаните.

„Депонијата се наоѓа во плодното  струшко поле и има загадување на околните плодни земјишта. Бараме да се рекултивира почвата преку конкретни чекори.  Се надеваме дека судот ке ги задолжи тужените да ги спроведат овие мерки и да изготват софистициран план за управување со отпадот во овој предел“, вели Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници.

Од 2006 година до денес не се почитуваат законите за депонирање отпадот  во Струга. Граѓаните очекуваат  судот  да ги задолжи  министерството за животна средина, општината и комуналното претпријатие  конечно  да го решат горливиот еколошки проблем во градот.