На 14 мај втора пратка вакцини Астра Зенека
На 14 мај ќе стигне втора пратка од 38.400 вакцини Астра Зенека преку Ковакс механизмот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
На 14 мај ќе стигне втора пратка од 38.400 вакцини Астра Зенека преку Ковакс механизмот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
„Вакцини ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинација на www.vakcinacija.mk“, напиша Филипче на Фејсбук.
Минатиот месец пристигнаа 24.000 дози од вакцините против Ковид-19 на компанијата Астра Зенека, но тие се аплицираат само на граѓани над 60-годишна возраст, откако властите донесоа таква одлука следејќи ги ваквите одлуки во неколку европски земји.
Инаку, досега вкупно се аплицирани над 145 илјади дози вакцини, а ревакцинирани се скоро 24 илјади граѓани, според податоците на Министерството за здравство.
Минатата недела пристигнаа 200.000 дози кинески вакцини на производителот Синофарм.
Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата е 303.574 граѓани.