Општина Охрид
На 15-ти декември ќе се одржи јавната расправа за „Физибилити Студија за развој на Касарна„
Се покануваат сите заинтересирани страни да земат учество на презентацијата на Драфт Верзијата на Студијата и активно да учествуваат во нејзиното финализирање со свои предлози, сугестии, велат од локалната.
Општина Охрид преку Секторот за ТЛЕР, во рамки на Проектот OHRID GO, организира Јавна Расправа за „Физибилити Студија за развој на Касарна Охрид во Технолошко – Рекреативна Зона“.
Расправата ќе се одржи на ден 15.12.2023 година во 12:00ч, во Големата Сала на општина Охрид.
Се покануваат сите заинтересирани страни да земат учество на презентацијата на Драфт Верзијата на Студијата и активно да учествуваат во нејзиното финализирање со свои предлози, сугестии, велат од локалната.
Драфт Финалната верзија на Физибилити Студијата може да ја преземете во електронска верзија на следниот линк.