На 2 Август во Охрид ќе се одржи првата трка од Македонски Куп во далечинско пливање
На 2 Август во Охрид ќе се одржи првата трка од Македонски Куп во далечинско пливање. Меморијалната трка е наречена во чест на таткото на македонското маратонско пливање, охриѓанецот Леко Радич. Истиот ден, по 39 -ти пат Пливачката школа Охридски бранови 2008 ќе го одржи и Илинденскиот пливачки маратон на 2 и пол километри.
На 2 август, на Охридското езеро ќе се одржи официјалната, прва трка на Македонскиот Куп во далечинско пливање. Од почетокот на пријавувањето на учество до денес за ова пливачка манифестација пристигнале пријави од 50 – тина пливачи, информира Александар Маленко, претседателот на Пливачката федерација на Македонија. Пливачите ќе се натпреваруваат во 4 категории, мажи и жени. Категоризацијата опфаќа пливачи до 14г, до 16г, до 18г и апсолутна категорија.
„ ПФМ согласно националната пливачка програма од 29 декември на далечинско пливање за пат направи Македонски куп во далечинско пливање со прва трка на Илинден , 2 август во 17 часот. На потегот од Горица до хотел Ројал, на патеката во должина од 2,5 км, од оваа година меморијално ќе се плива на патеката наречена по таткото на маратонското пливање Александар Леко Радич“, вели Маленко.
На 2 август, на истата патека во одлжина од 2,5 км , по 39 -ти пат , на Охридското езеро пак, ќе се одржи уште една пливачка трка. Во организација на ПШ “Охридски бранови 2008“, ќе се плива на Илинденскиот маратон или попознат уште како мал пливачки маратон, информира пливачкиот тренер Катерина Стојаноска од истоимената ашкола. Задоволни се од бројот на пријавени пливачи кои ќе се тркаат во 2 категории, од 10 до 16 години и од 16 до 35 години во машка и женска конкуренција.Од пливачката школа посебно ги радува податокот што во подем е интересот на пливачите за учество на маратонот од охриѓанчиња кои тренираат во пливачките школи во Охрид.
„Од година в година заинтерсираноста за учество во пливачкиот маратон е се поголема. Недостаток е што нема покриен базен за да се вежба и преку зима за полесно да се исплива патеката. Но, се снаоѓаме во лето и ги покриваме сите пропусти па децата се подготвени за пливање на патеката“, вели Стојаноска.
Александар Маленко, претседателот на ПФМ за одржувањето на малиот пливачки маратон во ист ден со Македонскиот Куп во далечинско пливање, вели добро е да се има пливачки манифестации , но треба да се знае дека официјален пливачки настан е меморијната трка „Леко Радич“.
Инаку, пливачите кои ќе учествуваат на двете пливачки манифестации, мора да имаат медицинска белешка за здравствена состојба, а за малолетните пливачи е задолжителна изјава од еден родител или старател.