На 28 јули Унеско ќе одлучува за Охридскиот регион
Денес започна 44 седница на Комитетот на светско наследство на УНЕСКО. Седницата се одржува во Кина во градот Фуџоу, а ќе трае до 31 јули.
Започна 44 седница на Комитетот на светско наследство на УНЕСКО. На неа ќе се разгледуваат 202 од вкупно 1121 Унеско добра во светот. За седум меѓу кои и Охридскиот регион ќе се одлучува за ставање на листата на светско наследство во опасност, а две се соочуваат со целосно бришење од листата на светско наследство. За тоа каков ќе е статусот на Охридскиот регион ќе се одлучува на 28 јули.
Комитетот на светско наследство треба да се грижи како државите ја исполнуваат својата обрска во почитување и заштита на добрата обрзани со Конвенцијата.
За потсетување, во мај Центарот за светско наследство на УНЕСКО го објави извештајот на Реактивната комисија која го посети Охридскиот Регион лани во јануари. Во документот беа посочени сите неправилности и беше побарано забрзано спроведување на препораките за Охридскиот регион да не се стави на Листата на светско наследство во опасност. Иста препорака беше дадена и во 2019 година на сесијата на Комитетот во Баку, Азербејџан.
Годинава, седницата на Комитетот на УНЕСКО се одржува во Кина, во градот Фуџоу, а ќе трае до 31 јули.