Поради зголемениот интерес, претставата „Енергични луѓе” според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски, повторно ќе биде изведена во петок на 3-ти март, со почеток во 20 часот.
Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска.
Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.
Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни.
Картите по цена од 200 денари може да се најдат на билетарата при НУЦК „Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.