На Али пашината џамија во Охрид се бара да се изгради некогашното минаре
Во охридската чаршија во тек се градежни зафати за реконструкција на Али пашината џамија. ТВМ дознава од неофицијални извори дека покрај реконструкцијата на џамијата до Завод и музеј дополнително било доставено и барање за изградба на минаре. За минарето кое неофицијално е предвидено да достигне висина до 32 метри од охридскиот Завод и музеј издале позитивно мислење и одобрение за археолошки конзерваторски основи. Сега се чека на одобрението за градба за кое треба да решава Министерството за транспорт и врски.
Во охридската чаршија во тек се градежни зафати за реконструкција на Али пашината џамија. ТВМ дознава од неофицијални извори дека покрај реконструкцијата на џамијата до Завод и музеј дополнително било доставено и барање за изградба на минаре. За минарето кое неофицијално е предвидено да достигне висина до 32 метри од охридскиот Завод и музеј издале позитивно мислење и одобрение за археолошки конзерваторски основи. Сега се чека на одобрението за градба за кое треба да решава Министерството за транспорт и врски. Носител на проектот за реконструкција на џамијата е ИВЗ Муфтиство Охрид, како донатор се јавува владата на Р. Турција.
За тоа каков стреба да биде конечниот изглед на џамијата во охридската чаршија по завршување на зафатите за реконструкција, побаравме информации од директорката на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска. Таа е на службен пат и ни вети подетални информации по враќањето во земјава.
Информации побаравме и од секторот за урбанизам при локалната самоуправа и од ИВЗ во Охрид. Но до завршувањето на изготвувањето на овој прилог не успеавме да стапиме во контакт.
Основата на Али пашина џамија е во форма на квадрат со димензии 15х15 метри над која се издига осмоаголен тамбур а над него уште еден дванаесетостран тамбур засведен со плитка купола. Остатоците од минарето се наоѓаат на јужната страна од џамијата. Тоа е урнато во 1912 година и до денес не е обновено.
За изградба на Али паша џамијата не постојат точни податоци кој бил ктиторот. Според архитектонските карактеристики и едноставноста на формите, џамијата била изградена кон крајот на 15 или почетокот на 16 век.