Skip to main content

На Балканот малку се применуваат новите технологии за презентирање на културно наследство

Денес и утре Охрид е домаќин на првата меѓународна конференција за културно наследство, медиуми и туризам.

 |  Валентина Неловска  | 
konferncija
konferencija

Денес и утре Охрид е домаќин на првата меѓународна конференција за културно наследство, медиуми и туризам. На конференцијата експертите од различни области ќе разменуваат информации како на најдобар начин да ги употребат новите технологии за да се презентира богатото културно наследство, посочува еден од иницијаторите за конференцијата Проф. д-р Рубин Земон.

Меѓу 60-те научни работници од 7 европски земји се и преставниците од соседна Бугарија и Грција. Како експерти од  областа на културното наследство  тие очекуваат на конференцијата да има размена на искуства како да се примени најмодерната техногија во презентирање на историското и културното наследство. За жал, технологијата во Источна Европа многу не се користи иако имаме што да покажеме и  да ни помогне  да го презентираме преку медиумите и интернет, вели археологот Лина Гергова од Бугарија.
konferencija
Христос Карајанидис од Грција вели дека иако Македонија и Грција имаат полтички конфликт и различни мислења околу културното наследство сепак треба да се најде заеднича основа во културата која ќе не обедини.    

Охридскиот градоначалник Александар Петрески е покровител на конференцијата. Тој ги поздрави присутните и потенцира дека не е случајно што конференцијата се одржува за време на големата верска манифестација Водици, традиција по која Охрид станува се попрепознатлив на Балканот па и во светот. Конференцијата ќе придонесе за промовирање на Охрид и Македонија.  

На првата меѓународна конференција, утре се планира и презентација на 3Д графичка реконструкција на ранохристијанската базилика на Плаошник.
 Конференцијата ќе има и мултимедијална димензија една од работните сесии ќе биде оставрена преку Internet on-line конекcија со Ерменија, Романија и Турција.  

{loadposition content9}