На денешен ден почина охридскиот кујунџија Вангел Деребан
На денешен ден во 2013 година згасна животот на Вангел Деребан еден од најпознатите македонски кујунџии. Роден во далечната 1920 година во Струга, тој ја продолжува неколкувековната фамилијарна кујунџиска традиција и го развива охридското филигранство.
За Вангел Деребан се презентирани информации и репортажи од многу домашни и странски новинари и публицисти. Во чест на најпознатиот кујунџија Вангел Деребан, Охрид во 2021 година го доби својот Музеј на филигран каде е изложен накит стар со векови и автентичниот алат со кои макотрпно работеле старите кујунџии.
Тој е многу често застапуван во проспектите и други публикации за промоција на Охрид и Македонија. Добитник е и на престижната Св. Климентова награда во Охрид, но и на Наградата за животно дело на првиот фестивал- Средновековен Охрид.


