На денешен ден во 1922 тргна првото вовче кон Охрид
Возот патувал многу бавно, само 15 километри на час, и до Охрид се стигнувало за два дена.
| | Охрид
чајниче
Во 1922 година, на денешен датум, била пуштена во употреба пругата од Ханриево (денешно Ѓорче Петров), преку Падовина (Жеровјане), Групчин, Охридски ниви до Охрид и до струшкото село Ташмаруништа. Возот патувал многу бавно, само 15 километри на час, и до Охрид се стигнувало за два дена. Но тоа не го менува фактот дека пред девет децении поврзаноста меѓу Скопје и Охрид била подобра отколку денес, па наместо железницата да се развие, таа исчезнала и сега со воз најдалеку може да се стигне до Кичево.
{loadposition content9}