На дневен ред работењето на ЈП Проаква
На дневен ред работењето на ЈП Проаква.
Нови обвинувања на адреса на поранешното локално раководство на СДСМ упати Никола Митровиќ портпаролот на ОК Вмро Дпмне. На денешната конференција на тапет се најде работата на ЈП Проаква и новиот доспеан долг од на 1,5 милиони евра. Митровиќ кажа дека трупањето милионски долгови во претпријатието започнало од 2005 со доѓањето на новото раководство на СДСМ.
„ Енормно зголемување на вработени лица за кој прашуваме дали биле спроведени по партиска припадност? Дали репрезентацијата во ова претпријатие за периодот од 01.01.2013.до 30.03.2013 година изнесувала само за Охрид 1 010 000 денари? Во периодот од 2005 до 2013 година замислете не се набавени никакви градежни машини, и опреми алати? Зарем не им било целта модернизација на претпријатието! Стотици судски спорови меѓу кои и со вработените за неисплаќање на патни трошкови и хранарина по стариот закон. За недомаќинското работење во ЈП „Проаква“ има уште многу други примери и прашања, кои ќе ги обелодениме понатаму и се тоа само во интерес на граѓаните на Охрид. Но останува прашањето дали со ваквиот принцип на менаџирање на ЈП Проаква свесно се одело кон тоа да се оттуѓи односно да се продаде Претпријатието?“, праша Митровиќ.
{loadposition content9}