Skip to main content

На дното на Охридското Езеро поставена подводна елка во знак на поддршка на лицата со ретки болести

Новогодишна честитка за поддршка на децата со ретки болести од дното на Охридското Езеро. На еден редок и навистина уникатен начин, нуркачите на Клубот за подводни активности „Охрид” ги упатија своите новогодишни честитки до децата со ретки болести, за кои накитија и им ја посветија нивната ретка подводна новогодишна елка.

 |   | 

За оваа категорија на дечиња потребна е поголема достапност на терапијата, која значи живот за нив, но и одобрување на нови терапии – порачаа нуркачите.

Тие упатија најубави желби за во новата 2022 година, сите заедно да влеземе со надеж за подобри денови.