Skip to main content

На Долни Сарај бесплатен паркинг за мештаните и туристите

На Долни Сарај бесплатен паркинг за мештаните и туристите.

 |  Валентина Неловска  | 
parking
parking

Дваесетина паркинг места се добиени со проширувањето на  просторот кај Долни Сарај. Со овој зафат се обезбедени дополнителен број на паркинг места.Првичната најава на локланата беше дека ови емет аќе бидат наменeти за варошани кои  нема каде да ги паркираат автомоболите по одлуката МПЦ да го огради дворнот место околу
 катедралната црква Св. Софија.  Лошата вест е што нема да се исполни првичното ветување на локалната дека овие паркинг места ќе бидат обележани и жителите ќе добијат  предност за паркирање.

parking

 

Во меѓувреме  од Локалната самоуправа ретерираа, го промрнија ставот па кажуваат дека на новиот паркинг плац  ќе може да паркираат сите жители од стар град, а не само засегнатите околу  Св Софија. Добарата вест е што сепак варошани ќе имаат поволности.

Од Локалната самоуправа информираат дека нема да наплаќаат за паркингот. Жителите ќе може ова паркиралиште и неколкуте останати  во стариот град да ги  користат безплатно. Покрај варошани ќе паркираат и туристите  сместени во стариот дел на Охрид.

 

parking

Оваа поволност за мештаните ќе се овозможи  во секој дел од денот додека туристите во периодот слободен за влез во истиот. Со жителите од овој дел од Охрид не се потпишани договори за користење на паркинзите бидејќи летниот режим на сообраќај овозможува само тие да влегуваат и излегуваат од стариот дел на Охрид во екот на сеозната. Со тоа се исклучува можноста да паркира некој кој не живее  или не е сместен во стариот дел од градот. Жителите за таа цел  ќе мора да набавaт пропусници за влез .

И оваа година нив  ќе ги  издава  секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при oпштина Охрид.

 
{loadposition content9}