На двете претсојни седници најбројни точките од урбанизмот
На двете претсојни седници најбројни точките од урбанизмот.
Утре ќе се одржи дванаесеттата седница на Советот на општина Охрид, а во четврток тринаесеттaта. Советниците нас 12-тата седница ќе дискутираат по предлог одлуки за усвојување на бројни извештаи од повеќе области за периодот од 1 јули до 30 септември.
Извештаите се однесуваат на сообраќајот, туризмот, системите за наводнување и пречистување на отпадни води.Ќе посветат внимание и на остварениот буџет во истиот период, аќе донесат и буџетски календар за 2014 година. Советниците ќе се произнесат и за формирање на Совет за заштита на потрошувачите и за Локален совет за превенција на подрачјето на општина Охрид. Повеќе точки се посветени на просторното и урбанистичко планирање .
За 56-те точки на тринаесеттата седница, советниците целосно ќе се посветат на урбанистичките планови за повеќе урбани заедници во градот и и катастарски области за околните населби како што се Велестово, Коњско, Оровник, Љубаништа, Лакочерј, Велгошти и др места.
{loadposition content9}