Skip to main content

На глувите лица им недостигаат толкувачи на знаковен јазик

Кога желбата е посилна од инвалидноста, успехот е загарантиран. За ова доказ е 32 годишниот охриѓанец Александар Стевоски, глуво лице денес дипломиран машински инженер самостоен и вработен млад човек. На глувите лица во земјава им недостигаат толкувачи на знаковен јазик.
 |  инфодеск  | 

32 годишниот охриѓанец, Александар Стевоски е глуво лице кое докажува дека за успехот не постојат препреки. Роден  е во семејство на глуви родители, денес  дипломиран машински инженер,  вработен и самостоен. До средно образование бил во специјално училиште, но на факултет  му недостигал толкувач. Желбата за успех била посилна, ги научил колегите на знаковен јазик и тие му помагале во студиите.

Вели глувоста не ја чувствува како хендикеп, се смета за еднаков со сите и не сака да го сожалуваат, но на глувите лица им недостигаат толкувачи на знаковен јазик.

„Најголем проблем според мене е комуникацијата помеѓу глувите и останатите. Како јас глув човек да се јавам на Брза помош, на пожарна на полиција. Тоа се најважните проблеми за кои што мора да се изнајде решение. Јас имам семејство каде сите сме глуви не дај Боже ако ни се случи пожар како да се јавам, треба државата да најде решение”, вели Александар Стевоски претседател на Здружението на глуви и наглуви лица во Охрид.

Друг проблем на глувите лица во земјава е пензионирањето, кое законски е како останатите лица без инвалидитет. Одамна е поднесена иницијатива за предвремено  пензионирање на оваа категорија граѓани.

„Како 46 години вие да можете да бидете работоспособни и да работите. Сметаме дека законот за пензионирање е нефер према глувите лица и апелираме до надлежните институции да се разгледа оваа наша иницијатива и да се најде начин како да се направат промени во законот за пензионирање за да можат глувите лица да одат на некоја порана возраст во пензија”, вели Славица Стефаноска секретар на Здружението на глуви и наглуви лица во Охрид.

Најголемиот дел од глувите лица во Охрид  се самостојни и вработени, најчесто од свои 18 години работат  во заштитни друштва. За нивно надградување и неформално образование потребни се повеќе толкувачи на знаковен јазик.

Новинар Соња Рилковска