На градскиот плоштад поставена Бадникова пештера
На градскиот плоштад поставена Бадникова пештера.
Голема украсна Бадникова пештера е поставена на градскиот плошатд која наликува на онаа во Витлеем каде што е роден спасителот Исус Христос. Таа е подрок за градот од Бигорскиот манастир а е дело на вредните монахињи од манастирот Св. Ѓорѓи Победоносец во Рајчица. Пештерата со димензии од 2,5 метри широчина и 3 метри височина е направена од различни природни материјали, уникатно украсена и збогатени со иконата на Рождеството Христово и со кандилце.
На украсната пештера и се восхитуваат охриѓани и туристите и претставува прекрасно надополнување на Божиќната празнична атмосфера во градот. Пештерата ќе биде постојано изложена и ќе се чува во црквата Света Софија. Пештерата на градскиот плоштад ќе биде поставена до Водици. Со благослов на игуменот на Бигорскиот манастир,архимандрит Партениј, Раичкото сестринство, поттикнато од желбата да ја внесе божиќната атмосфера во православните домови, изработило 200 мали и дест големи пештери, кои красат многу домови, цркви, плоштад
{loadposition content9}