Skip to main content

На јагулата и се заканува исчезнување од Охридското Езеро

На јагулата и се заканува исчезнување од слатките  води. Охридското Езеро и реката Црн Дрим цели 5 години не е порибено со овој вид, за кој експертите велат дека постои уште со настанокот на Охридското Езеро а нејзиниот живот до ден денес е мистерија.

 |  Николоска Биљана  | 

Струшките риболовци се поретко ја среќаваат јагулата во водите на реката Црн Дрим. Тие стравуваат дека може да се случи овој вид засекогаш да исчезне, доколку не се изврши порубување со јагула, вели претседателот на концесионерот на  „Пастрмка“ Црн Дрим 1, Емил Матоски.

„Имам информација дека последниве 5 години не се врши порибување со јагула, имало некој законски проблем, незнам точно зошто…треба да се обратите на друго место…интересна тема, не можело да се оберзбеди количина за порибување во последниве 5 години. Знаеме дека јагулата сама не може да се мрести во нашите води и не може сама да мигрира од морето кон Охридско Езеро поради браните. Ако се продолжи со вакво темпо и понатака мислам дека јагулата ќе исчезне од нашите води“ – вели Матоски.

Експертите од Хидробиолошкиот Завод Охрид, велат дека оправдани се ставувањата на риболовците за исчезнувањето на јагулата. Трајче Талевски од оваа научна институција појаснува дека порибувањето е обврска од ЕЛЕМ, и тој не можеше со сигурност да зборува за причините зошто тоа не е направено толку долг период.

„Пет години не е порибено со јагула, оние јагули кои се пред 7 години порибени, за година две ќе заминат од Охридскот езеро на свадбен пат и може да се случи Охридскот езеро да остане без јагула. Јагулата во Охридското Езеро е присутна од неговото настанување, можеби 2-3 милиони години и со самото настанување на езерото и воспоставување на врска со морето, јагулата дошла и е присутна во езерото, така да опстанала толку долго сп причина и ако била непотребна ќе исчезнала многу порано, а не сега поради човечка негрижа и неисполнување на обврските кои што некој ги презел“ – вели Талески.

Талески наведува дека постојат и одредни административни пречки, односно забраната што ја вовела ЕУ за извоз на подмладок на европска јагула во земји кои не се нејзини членки. Но смета дека таа пречка може да се надмине бидејќи може да се увезе јагула и од други земји во кои ја има европскат јагула како на пример Црна Гора и Албанија, односно да се излови од притоките на реките во овие држави и да се донесе кај нас за да се пориби Охридското Езеро.
Од  ЕЛЕМ, пак, објаснуваат дека по неколкугодиншната пауза планираат да продолжат со пробувањето со јагула. Завршена била тендерската постапка за набавка на подмладок. Во фаза на евалуација биле пристигнатите понуди. После тоа ќе се отпочнело со процедура за избор на најповолен понудувач со кој ќе биде склучен договор. Од ЕЛЕМ информираа дека тоа ќе биде најверојатно во месеците мај, јуни наредната година кога се планира Охридското езеро и реките во неговиот слив да бидат порибени со помладок на јагула од 750 кг.

{loadposition content9}