Skip to main content

На „Коста Абраш“ повторно се вози ноќе

Не се почитува одлуката на Советот на општината за летниот режим на сообраќај,  во периодот од 20 часот навечер до 5 часот наутро улицата „Коста Абраш“ да биде затворена за секаков вид на сообрќаj.

 |  Голабовски Крсте  | 
ulica

ulicaНе се почитува одлуката на Советот на општината за летниот режим на сообраќај,  во периодот од 20 часот навечер до 5 часот наутро улицата „Коста Абраш“ да биде затворена за секаков вид на сообрќаj.

И покрај ваквата одлука, некои од гостите, а богами и некои охриѓани, без проблем викендов ги забиколуваат метални бариери кои се поставуваат во попладневните часови. Во периодот кога е направена фотографијата, на оваа локација која долго време е сообраќајен проблем не беше забележано присуство на полицијата.

Угостителските објекти на овој потег пак, ја почитуваат одлуката и преку ден ја отсрануваат урбаната опрема, која уредно ја враќаат во вечерните часови.

Некои навики тешко се менуваат.