Skip to main content

На Мазија локвањот затрупан со ѓубре

На Мазија локвањот затрупан со ѓубре.

 |  Валентина Неловска  | 

Нашата негрижа кон езерото  и еколошката средина повторно исплива на видленина. Овој пат станува збор за локвањот. Напорите и надежта дека овој воден цвет ќе се врати на езерскиот браг траеа кратко. Денес на Мазија ги нема очекуваните жолти, миризливи цветови на ревитализираниот локвањ.Во моментов кога е периодот на цветање на лотосот само еден цвет ѕирка меѓу ратситеслнио тотпад и го нема на целата засадена површина со која беше ревиталзиран пред една деценија.  Објективот на камерата  улови едвај неколку цветови кои највуваат дека тука е природното живеалиште на овој убав цвет.

„ Овој ревиталзиран растителен вид е раширен кај трската, но има распад на органски материи , останатоци од растенија и еден период беа фрлени растенија исечени од брегот и е загрозен опстанокот на локвањот. Тој зафаќаше пооглем аповршина сег асе среќава клако поединечно индивидулно ратсение  које потиснат од трската и нафрланото ѓубре“, кажуав за ТВМ претсдателката на македонското- лимнолошко друштво, д-р Марина талевска.  

За да се спаси цветот од исчзенвување е потребно внимание од институциите, а тоа не се случи ни по нашите апели уште од пролетта кога укажуваме дека е потребно езерскиот брег на потегот кај Мазија да се исчисти. Во месец април повик упатија и од Макеодското лимнолошкото друштво до одделението за екологија и животна средина при Локалната  сампоуправа да преземе конкретни зафати. Укажуваа дека неговото ширење зависи од чистата средина во која живее и за тоа треба да има поволни услови. Да нема големи количини на тиња, разни органски и неоргански материи, распаднати растенија и механички отпад.

„Да се најде начин да се чисти овој дел од крајбрежјето за ревиталзираниот  локвањ да не исчезне повтроно“, повикува д-р Талеска.

По 4 месеци од апелите во април исплива на езерската површина  негрижата на институциите  кон водната билка, а со тоа и кон езерото.    

Во 2006 година со проект на Македонското-лимнолошко друштво локвањот беше вратен во неговото некогашно живеалиште. За таа цел езерскиот брег кај Мазија беше исчистен од сите видови на отпадоци и локвањот беше донесен од Калишта и засаден.