Skip to main content

На Охрид му требаат глисер или хеликоптер за брзи интервенции при несреќи

На Охрид му требаат глисер или хеликоптер за брзи интервенции при несреќи.

 |  Валентина Неловска  | 
spasiteli
spasiteli

Параглајдерист во несреќа  загина кај Љубаништа, вчера. Навреме интревенирале и спасителиете на вода и медицинската помош, но немало спас за серизоните повреди со кои се здобил параглјадеристот, информира Сашо Точков претседател на ЦК Охрид.  Точков вели дека нема виновници за вчерашниот трагичен настан и ги отфрла  шпекулациите кои вчера се појавиле во медиумите за доцнење на итната медицинска помош. Возилото пристигнало на време со  оглед на условите на патот и оддалеченоста на Љубаништа од градот.
plazi
Сепак оваа несреќа отвори дилеми дали градот има соодветна опрема за брза интревенција на оддалечени летувалишта од градот.  Охрид располага со спасители на вода и стручни медицински лица,  но нема опрема за целосно функционирање по светските безбедносни стандарди, вели Точков. Трагичниот настан го наметна прашањето како туристичките дестинации во светот се справуваат и обезбедуваат сигурни  капалишта во оддалечените туристички населби од градските центри. Точков кажува дека Охрид нема брзи пловни објекти или хеликоптер со кој ќе се стигне брзо при ризични ситуации. Нагласува дека на 30 км езерски брег  недостасуваат и пунктови со итна медицинска помош.

„ Ние апелираме да се размислува барем приближно  да ги достигнеме критериумите и стандардите во западноевропските земји. Таму  краен лимит со кој итната медицинска помош или останатите служби за интервенции максимално пристигнуваат е 12 или 15 минути. Тоа е она време каде секоја служба треба да интревенира при секоја несреќа“, вели Точков.
Trpejca
Според Точков треба да се обезбедат и овие  услови и помагала со кои побрзо ќе се стигнува на локациите каде што се случиле несреќи,  во лето на капалиштата, а во зима на планина.

„ Потребно е да се има на располагање брз пловен објект, хеликоптер или да се направат пунктови на локации на источното крајбрежје. Од Охрид до Св.Наум на некоја оддалеченост да има служби со соодветна опрема и со амбулантно возило со кое ќе се интревенира.“

Во западноевропските земји за  обезбедување на ваква опрема се грижат локалната самоуправа и државата, појаснува Точков.

{loadposition conten9}