Skip to main content

На Охрид му требаат нови хотелски капацитети

На Охрид му требаат нови хотелски капацитет.

 |  Валентина Неловска  | 

На охридско – струшкото крабржје нема доволен број  хотелски капацитети , вели Крсте Блажески првиот човек на Хотам. Во моментов на располагање за гостите се 6500 до 7000 легла додека една  туристичка дестинација се смета за сериозна ако располага со најмалку 10.000 легла посочува  Блажески.Тој  напоменува дека хотелската индустрија располага и со застрарени објекти на кои им треба обновување. Појаснува дека во моментов 10 -тина нивни членки не можат да почнат со доградба на хотелите.

„ Владата излезе со предлог комуналиите да се намалат на 5 посто за дограба и изградба на нови хотелски капацитети со намера да се зголеми бројот на хотелскОд тој проект нема изгрдба на ниту еден хотел или догрдба. Во истиот момент советот на општината ги зголеми комуналиите од 17.000 денари по метар квадратен на 20 -30.000 денари за да дојдат до тие 5 проценти. Тие се некоректни игри и не се гледа крајот“, вели претседателот на ХОТАМ Блажески.  

Претседателот на Хотам , Блажески во однос на вчерашниот повик  на ЈП Билјанини извори  со кое се повикуваат хотелиерите поактивно да се вклучат во осовременувањето и изградбата на спортската инфраструктура  за заедно во иднина  да бидат домаќини на што повеќе  спортски екипи, вели дека до нив нема доставено сериозен бизнис план за да се вклучат во финансиска поддршка на  спортските терени.


„ Треба сериозно да размислиме за тоа прашање и ако тие средства од изградбата на нови хотели со нови туристички такси  и хотелски капацитети би го зголемиле буџетот на општината тогаш тие средства ќе им се на располагање. Не може општина Охрид да смета на хотелите  или на другите бизнис субјекти, не е да се рече,  ама тоа ми доликува на просење. Парите се исти за сите,  убаво е да се изгради нешто и да се искористи од тоа“, вели Блажески.

Претседателот на Хотам Крсте Блажески во однос на бизнис климата укажува и на другите состојби кои ги мачат хотелиерите. Тоа се ригорозните казни од инспекциските служби со кои се соочуваат. Се намали ДДВ за хотелиерите за пансионски услуги на 5 посто ама за тоа да го надополнат применуваат високи казни. Кога ќе се даде одредена поволност тоа треба сите да го почитуваат ,смета  Блажески.