На охридската ривиера има недостиг од стотици работници во туристичкиот сектор

Според слободните проценки на брегот на Охридското Езеро, има недостиг од стотици работници во туристичкиот сектор. Огласите се преполни, готвачи, шанкери, келнери и помошноци во кујна се најчестите позиции кои се нудат. Главна причина е заминувањето на работа во Хрватска, каде што понудените плати се повеќекратно повисоки од оние во земјава. Допопнително и тоа што поголемиот дел од угостителските објекти во Охрид нудат ангажман само за сезонско вработување.

„ За жал кај нас како и минатата година еве и оваа среднношколците не спасуваат. Секоја чест на тие млади луѓе но има дел од нив кои не се стручни да го работат тоа што го работат.Ние импровизираме и тоа се одразува врз туристичката услуга и тоа се гледа. Меѓутоа немаме избор, се надевам голем број луѓе кои се змаинати во странство да работат за подобра добивка ќе се подобрат усчвите и ќе се вратат.“- вели Челик Асим туристички работни.

Недостигот на стручен кадар и оваа сезона ќе го пополнуваат учениците средношколците од угостителското училиште, кои покрај праксата имаат можност и да заработат.
Анкета со ученици од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид“:
-Мојата струка е угостителски техничар, во овие три години се се учи и имаме многу добри условиз а вработување.
– Практична настава ние имаме и во кујна. Добивам ангамани платени сме и во текот на праксата и рабоптодавачоите се доста задоволни се договараме за понатамошна соработка.
–Има многу деца што работат еве лично јас работам и учам за да можиш и да учиш и да работиш за нашите години е тоа супер, вели ученичка од трета година.
Според експертите, потребна е стратегија за задржување на стручниот кадар во земјава. Потребни се субвенции за трансформација на сезонското во трајно вработување во хотелско угостителскиот сектор..
Новинар Соња Рилковска







