
Со првиот лет на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул до Охрид денеска свечено беше означен стартот на нововоспоставената авионска линија.

Вицепремиерот и министерот за транспор, Александар Николоски изјави дека воведувањето на оваа линија е резултат на изменет модел на субвенционирање. Износот по патник за охридскиот аеродром е зголемен од 4,5 евра на 12 евра, а субвенциите сега се насочени кон доаѓања наместо заминувања, со цел да се зголеми бројот на посетители.

-Ова е комплетно нова димензија за охридскиот аеродром и целосно нов развој на охридскиот аеродром затоа што најголемата светска авиокомпанија Туркиш ерлајнс воведува директна линија, четири пати неделно со најголеиот аеродром во Европа, аеродромот во Истанбул, што многу ќе значи за бројот на патници и не само за туризмот туку и редовното патување, затоа што аеродрмот во Истанбул е со најмногу конектинг летови во Европа. Веќе познавам луѓе кои имаат купено карти од Торонто за Охрид или од Вашингтон за Охрид затоа што преку Истанбул со конектинг летови ќе можат да додјат во Охрид што драстично ќе го зголеми бројот на патници и тоа ќе помогне да се развива тузимот, бизнисот, комуникациите, што е комплетна нова диманзија за охридскиот аеродром, рече министерот.
И премирот Христијан Мицкоски присуствуваше на пречекот на патниците на првиот лет од Истанбул од Охрид.

-Воведувањето нови авиолинии значи побрзо и полесно поврзување со светот, зголемување на туризмот, нови економски можности и унапредување на имиџот на нашата држава. Нашата земја има огромен туристички потенцијал. Од живописните планини, прекрасните езера и богатото културно наследство, до топлината и гостопримството на нашите граѓани – сето ова ја прави Македонија атрактивна дестинација за домашни и странски посетители. Затоа, нашата Влада активно работи на креирање политики и мерки што ќе го поттикнат туристичкиот сектор. Инвестираме во патишта, аеродроми и железнички врски за да ја направиме нашата земја подостапна за туристите. аботиме и на промоција на Македонија како туристичка дестинација како и поддршка за малите и средни туристички бизниси. Нашата цел е јасна – да ја направиме Македонија не само дестинација за посета, туку и место во кое туристите ќе се враќаат повторно и повторно. Летовите на линијата Истанбул – Охрид ќе се реализираат четири пати седмично и тоа во понеделник, четврток, петок и недела, истакна Мицкоски.