На охридските ловни терени се поглем е бројот на дивата свиња и срната
На охридските ловни терени се поглем е бројот на дивата свиња и срната
Во тек е ловната сезона на крупен дивеч, дива свиња, срна, волк и лисица. Охридските ловци задоволни од текот на ловната сезона. Дивата свиња се враќа на ловечките терени во охридско, напоменува ловникот Зоран Целакоски од концесионерот Зружение на ловци Охрид. Ловците ги почитуваат законски дозволените квоти за отстрел на крупниот дивеч.
„Оваа 2017 година тековната ловна сезона за дивата свиња е 1 октомври до 31 јануари. Треба да отстреламе 56 диви свињи. Према евиденцијата на секој ловец кој отстрелал дива свиња треба да му издадеме потврда за потекло на дивечот. Према евиденцијата се отстрлани 46 диви свињи и крајот на јанури остануваат уште 16. Исполнета е квотата од околу 70 проценти, и тоа значи дека дивата свиња е распространета на нашето ловиште“, кажува Целакоски.
Зоран Целакоски, ловник кај концесионерот Здружение на ловци Охрид е задоволен и од се поголемиот број на срни на терените во охридско.
Срната ја има во доволен број иако за оваа сезона треба да се отстрелаат 26 срни. Досега ловџиите отстрелале 10 и остануваат до завршување на ловнаат сезона уште 16, а на терените ја има“, напоменува Целакоски.
Според ловните стопански основи концесионерот има обврска на терените да пушти 10 диви свињи и 400 фазани. Концесионерот се финансира од членарината на ловџиите, кои во охридското здружение ги има 400. За 5 ловишта на 50.000 хекатри со коирасполага концесионерот, на ресорното министерство годишно му плаќа 275.000 денари на име концесија.