На Охридско лето концерт од опусот на композитирот Томислав Зографски
На Охридско лето концерт од опусот на композитирот Томислав Зографски.
На програмата на Охридско лето вечерва е концерт посветен на творечкиот опус на македонскиот композитор Томислав Зографски. Зографски е еден од основоположниците на македонската композиторска школа. Концеротот е во знак на одбележување на 80 години од неговото раѓање. Вечерва во Св. Софија настапуваат покрај искусни музичари етаблирани на македонската музичка сцена, како флејтистот Страшо Темков, и талентирани студенти како виолинистот, охриѓанецот Ѓорѓи Петровски. Целиот креативен век професорот Зографски го посвети работејќи со студентите и остави композиции кои го одбележуваат македонското копмпозиторско творештво, рече музичкиот селктор Гордана Јосифоска Неделкова.
„ Изборот на помладата генерација музичари кои се вклучени вечерва се помлади музичари или студенти на кои на музичката сцена само годинава неколу пати го потврдиле нивното врвно мајсторство и афинитет за изведување на композиции од професорот Зографски. На овој начин сметаме дека ја пренесуваме не само љубовта туку и должноста на младите генерации да го негуваат македонското творештво“, истакна Гордана Јосифова Неделкова музичкиот селектор.
Панда Зографска, претседател на Фондацијата Зографски врачи признание на Фестивалот Охридско лето за одбележување на јубилејот 80 години од раѓањето на Зографски и неговата поврзаност со манифестацијата Охридско лето.
„ Особено што Зографски е врзан за Охридско лето од својот најран творечки период. Уште од 1965 година, на 5 јубулеј од Фестивалот Охридско лето , со маестро Ловро Матачиќ, е изведена неговата композиција „Фантазија Корале“. Јас со задоволство се сеќавам , тоа беше мојатат прва средба со Охридско лето“, кажа Зографска.
Покрај вечерашната изведба на дел од опусот на композитирот Зографски од македонски уметници, на 19 август негови дела ќе изведува и ЖЕН ШЕН синфонискиот оркестар од Кина.
{loadposition content9}