Skip to main content

На охридското крајбрежје нема нити еден зелен хотел

На охридското крајбрежје нема нити еден зелен хотел.

 |  Валентина Неловска  | 
recepcija
recepcija

На охридското крајбрежје нема нити еден зелен хотел. Хотелите тешко се одлучуваат да ги добијат  еколошките ознаки иако многу од нив ги имаат имплементирано еко стандардите во хотелите,  напоменува Владо Каровски од одделението за стандарди при Министерството за животна средина и просторно планирање. Каровски нагласува дека нивното министерство има изработено Правилник за еколошко означување кој е усогласен со европскиот.
hotel
„ Генерално гледано има  интерес, јавувања, информирање. Одржани се состаноци  и други презенатции со  Стопанските комори, со Здружението на туристички работници. Има интерес  но официјално нема барања. Може треба време да созрее ситуацијата и свеста, а факт е дека хотелите водат сметка за животната средина.“

Менаџерите на хотелите конкретно не се произнесуваат за добивање еколошки ознаки. Хотелиерите кои ТВМ ги контактираше за да го чуе ставот како гледаат на еко стандардите се истомисленици, гледаат позитивно и ги поздравуваат  еколошките стандарди. Нагласуваат дека секој од нив според можностите ги имплементира.

hotelТака, поголемите хотели на охридската ривиера како што се Инекс Горица, Метропол, Милениум Палас, имаат вградено сончеви колектори, додека пак Гранит и  Десарет сеуште немаат заштеда на електрична енергија. Повеќето од хотелите користат штедливи светилки, имаат сопствени бунари за вода, го селектираат отпадот, и имаат договори со овластена фирма за откуп на прегореното масло. Со овие постапки хотелиерите покажуваат интерес за воведување на еколошките стандарди. Свесни се дека сето тоа не е само во прилог на еколгијата туку е и во нивна корист.

Објаснување за незинтересираноста на охридските хотелиери, но и на македонските, во однос на еколошките ознаки нема. Во меѓувреме, на нивните европски колеги,  еколошките ознаки  им носат поголем бенефит, имиџ и посетеност на хотелите.

{loadposition content9}