На охридското здрaвство му се потребни педијатaри
На охридското здрaвство му се потребни педијатaри. Засега нема ни еден специјализант, а повеќето педијатри се повозрасни лекари. Педијатрите препорачуваат итно решавање на проблемот. За поефикасна работа, пак на детското одделение во општа болница предлагаат одвојување на амбулантата и болничкиот оддел.
За здравјето на охриѓанчињата во моментов се грижат околу 10 -тина педијатри во јавното и приватното здравство. Во последниве години нема нити еден млад лекар кој сака да ја продолжи педијатриската професија, вели д-р Никола Филев познат охридски педијатар. Додава дека во моментов нема нити еден специјализант од градот во ова област. Состојбата е алармантна и под итно мора нешто да се преземе, животот е математика сите сме во позрели години, а подмладок нема, укажува д-р Филев.
„Не само во педијатријата туку и со другите високо стручни кадри.Тоа е еден комплексен проблем кој треба да се решава на државно ниво. Со посредство на министерството и другите структури. Моите колеги се оптеретени посебно на детското одделение. Ако итно не се направи трансфер на млади сили тоа ќе биде затворено за некоја година“, вели д- р Филев за состојбите на детскиот оддел во општа болница.
Се заканува опасност да немаме кадар кој ќе ги лекува децата, а има тешки состојби кои бараат и посебни услови, вели д-р Филев. Од досегашната пракса во лекувањето на најмалите препорачува на детското одделение при Општа болница структурална и професионална преорентација.
„Апсолутно , болничкиот дел мора да се одвои од дневната амбуланта. Тие се во амбулантата прегледуваат, дополнително ги лекуваат и болничките пациенти кои се тешки случаи. Мал број е пероснал. Колегите херојски работат но до кога не знам“, подвлекува педијатарот Филев.
Дефицитарен кадар се и неонатолозите, а според официјалните информации смртноста кај доенчињата е зголемена, дополнува д-р Филев. Ниe се трудиме , но состојбите треба да се решаваат системски затоа што без кадровска ревиталзиација нема добра иднина во нашето здравство, вели охридскиот педијатар д-р Никола Филев.