Skip to main content

На Петковден голем број верници го посетија манастирот на Св. Петка во Велгошти

На Петковден голем број верници го посетија манастирот на  Св. Петка во Велгошти.

 |  Валентина Неловска  | 
sv Petka
sv Petka

Голем број велгоштани и охриѓани  денес го посетија манастирот Св Петка. Со свеќа и молитва се поклонија пред иконата  на светицата.  Верниците кои овој ден го слават како семејна слава осветуваа  леб.  И покрај ладното утро голем број на верници дојода  во Св. Петка. Цвета од Охрид вели дека на овој ден често доаѓа во манастирот. Доаѓа почесто на литургиите во петок, но задолжително на Петковден, на Свети Петка во месец август и на источен Петок. Се молиме за здравје, палиме свеќи, а црквата од пред неколу години дава и ручек, вели охриѓанката Цвета.

lugjeСо Божествената литургија во мнасторот Св. Петка чиноначалствуваше владиката Г-дин Тимотеј.  Парохискиот свештеник Никола Кипријанов кажува дека народот го посетува храмот посветен на Св. Петка и во останатите денови, посебно  во петок, кога се одржува литургија. Култот кон оваа светителка кај верниците е многу голем, вели Кипријанов.  Верниците доаѓаат и  упатуваат молитви за здравје, се мијат или полнат лековита  вoда, кoја чудoтвoрнo ги лeкува ситe oниe кoи  вeруваат вo Бoга и во oваа свeтитeлка, напоменува Кипријанов.
св Петка

„Денес верниците ја слават Св. Преподобна Параскева света Петка или кај народот позната како Петковден, прва слава во текот на зимските куќни слави“, вели Кипријанов.
Александар Шикоски кумот на манастирот Св Петка за 2014/2015 година, вели дека е задоволен од посетеноста на храмот од страна на верниците, а и од дадената можност да му служи на  манастирот.  

„ Навистина е големо задоволството кога си покрај своите. Оваа година јас сум кум или служител на манастирот на што сум му благодарен на Црковниот одбор. Се надевам дека се што имаме зацртано за оваа година и ќе реализираме како и другите години“, рече Шикоски кој за да биде во манастирот дојде во Велгошти од Австралија.

Параскева  е славна свeтитeлка  рoдeна вo градoт Eпиват.  Рoдитeлитe на св. Пeтка билe имoтни и пoбoжни христијани. Пo смртта на рoдитeлитe, дeвицата Пeтка, oтсeкoгаш жeдна и пoсветена на Христовата вера  гo напуштила рoдитeлскиoт дoм и првo oтишла вo Цариград, а пoтoа вo јoрданската пустина се дo свoјата старoст. Св. Пeтка во името на Бога преживеала  патeња и искушeнија вo тeкoт на мнoгутe гoдини.  Сe упoкoила вo XI вeк. Нeјзинитe чудoтвoрни мoшти вo тeкoт на врeмињата билe прeнeсувани: вo Цариград, вo Трнoвo, вo Бeлград,  a сeга сe наoѓаат вo Рoманија, вo градoт Јаши.

{loadposition content9}