Skip to main content

На плажите без спасители да има табли со предупредување

 Охрид е туристичко место и има потреба од  ваква служба која спасува човечки животи. На капалиштата на кои ќе нема спасители потребно е да се постават предупредувачки табли дека  не се безбедни и посетителите ги користат на сопствен ризик.

 |  Валентина Неловска  | 

Мартин Елечоски е Национален инструктор за спасување и спасител на вода. Десет години е дел од спасителната служба на вода на охридското крајбрежје. Споделува дека нивната служба има големо значење за одржување на безбедноста на капалиштата каде што капачите се заштитени од давење и повреди.

„Покрај гарантирањето на безбедноста на капачите на плажите, гарантираме безбедност на капалишната зона да не се приближуваат до објекти кои би ги повредиле капачите, им даваме совети како безбедно да уживаат на плажа. Постојат опасности од топлотен удар, а има и алкохолизирани лица и големи опасности од давање. Охрид е туристичко место и има потреба од ваква спасителна служба“.

Спасителната служба на вода функционира во рамките на ОО Црвен Крст – Охрид која поставува спасители на плажите. Оваа година нема концесионери на плажите и нив ги уредува Локалната самоуправа. Општината има намера да ја преземе безбедноста на капалиштата и да постават спасители, информира Сашо Точков, претседател на ОО ЦК. Точков се надева дека конечно ќе се воспостави ред со безбедноста на капалиштата на целото крајбрежје. Нагласува дека на дел од плажите, претходните концесионери не ги почитувале законските одредби и не ангажирале спасители неколку години наназад. Со почетокот на туристичката сезона досега се ангажирани 10 тина спасители на вода на плажите пред хотел Метропол и кампот Љубаништа. Очекуваме да ги покриваме и плажите кај Св.Наум, Градиште, Инекс, Голден бич, вели Точков. Посочува капачите задолжително да внимаваат на плажите каде што неодамна се одстранија платформите.

„Посебно да се внимава онаму каде што имаше платформи до пред некое време. Дното добро да се проконтролира и да се види дали има остатоци од железни предмети кои што може да предизвикаат фатални последици. Посебно кај Куба Либре и Кадмо каде што се одстрануваа платформите доброд ас есипита,а капачите внимателно да се однесуваат “.

Точков напоменува дека на плажите каде што нема ангажирани спасители на вода без разлика дали има концесионери или ги одржува Локалната треба да се постават предупредувачки табли дека тие капалишта не се безбедни и посетителите ги користат на сопствен ризик.
За среќа, спасителите на вода досега немале интревенции за спасување давеници туку само давање прва помош и справување со помали посекотини со кои се здобиле капачите.