На плажите Потпеш и Канео нема место за крпа
На плажите Потпеш и Канео нема место за крпа.
Започна сезоната за капење и сончање на охридските плажи. Концесионерите на плажите деновиве почнаа со работа и ги поставија лежалките и масите ама како да забораваат да остават и 40процентиод просотор слободен за посетители кои не сакааат да користат урбана опрема. Од локалната самоуправа информираат дека засега контролата на инспекторите покажала дека концесионерите ги почитуваат одредбите од договорот.
„Нашите служби, инспекторатот редовно ќе ги обавуваат контролите. Таму денес извршија контрола на Канео и Потпеш. Она што го имам од инспекторатот е дека се почитува договореното 60-40 посто од просторот за лежалки и слободен простро се почитува. Може заради тоа што плажите не се полни со капачи, а во другите денови е дури поголем тој однос на слободниот простор“, вели Џамтоски.
Во однос на ова конастатација еве што денес регистрира нашата камера на овие две плажи. Гледачите може сами да проценат колку се почитува законската одредба да се остави 40 проценти од плажата за слободен простор на љубителите на приридниот начин на користење на езерското крајбрежје за капење и сончање.
Закондавецот предвидел законски санкции за оние кои нема да го почитуваат договорените одредби. Портпаролот Џамтоски најавува дека и во текот на целата сезона инспекторите ќе ги контолираат плажите и ќе се санкционираат концесионерите кои нема да се држат до потишаните договори за концесија.