На потегот од Метропол до селото Пештани денеска почна уривање на платформите во езерото и нелегални објекти на плажите
Концесионерите револтирани, велат не се дивоградби, граделе по проекти и одобрение на министерството за транспорт и врски. Обвинуваат дека локалната самоуправа со години ги манипулира.
Започна уривањето на објектите на плажите во населбата Лагадин. Механизација со силно полициско присуство утрово уриваше на плажата Акапулко. Концесионерите револтирани, велат не се дивоградби, граделе по проекти и одобрение на министерството за транспорт и врски. Обвинуваат дека локалната самоуправа со години ги манипулира.
„Јас се чувстувам страшно изманипулирана. Ветувањата од тие државни службеници кои доаѓаа во контроли беше дека ќе се корегираат тие договори спрема условите. Меѓутоа како се префлрија ингеренции на локалната од таму не знаеме зошто почнаа притисок врз нас дека ќе не рушат. Тој притисок трае години. Ние немаме договори од технички причини по нивна вина, не од наша вина“, вели Виолета Јаневска концесионер на плажа во Лагадин.
Ќе се уриваат и плажите на два хотели Лагадн и Макоцвет. Сопствениците обвинуваат за селективност иако прифатиле продолжување на договорите со локалната добиле решенија за уривање.
„Сите овие плажи ги имаме изградено легално со урбанистички проекти. Последните две огодини договорите не ни се продолжувани а потоа сите плажи ги прогласија за дивоградби не нарекоја урбана мафија. Селективна правда е очигледна. Метропол, Гранит ништо не се урива? Ќе не рушат само нас два хотели“ , вели Даница Баческа сопственик на хотел Лагадин.
Вложиле и стотици илајди евра, граделе толети, платформи, соблекувални, чистеле отпад, ги одржувале плажите, со години инвестирале, бидејки така им налагала власта. Дел од сопствениците се жалат и на Управен суд.
„Имам поднесено за легализација во постапка е ке чекаме тие да го решат овој проблем“, вели концесионерот на плажа Атлантик Владо Стојкоски.
Градоначалникот на Охрид Константи Георгиекси во емисијата Прашалник на ТВМ кажа дека нема да има отстапувања, сите нелегални објекти на плажите ќе бидат отстранети пред туристичката сезона.
„ Туризмот во Охрид не е врзан со пет шест објекти на наши сограѓани кои што сакаат да узурпираат државна земја и да заработуваат противпрано профит. Охрид е многу повеќе од тоа Охрид е светско природно културно богатство сите плажи се на сите нас. И затоа оваа година ќе ги ослободиме. Нема да дозволам приватни лица да узурпираат државна земја, тоа заврши“, вели градоначалникот Георгиески.
Оваа сезона плажите ќе бидат празни, нема лежалки, нема шанкови, нема бетони, ниту железа, паркинзи и рампи.
Агенцијата за просторно планирање на РМ прави план за охрдското крајбрежје ќе има некои локации на кои ќе може да има плажи со монтажни објекти.