Skip to main content

На пристаништето поставен споменикот Фаќач на крст

На пристаништето поставен споменикот Фаќач на крст.

 |  Валентина Неловска  | 
Krst spoemnik
Krst spomenik

Споменикот Фаќач на крст осамна на пристаништето. Скулптурата е висока  3 метри и 10 см,  излеана во бронза и поставена на мермерен постамент висок 2 метри.

Krst spomenik

 

На едната страна во мермерот е исклесана песната Војордание, а на другата е Исус Христос опкружен со неговите  Апостоли.  Споменикот за Водици- Фаќач на крст,  го изработи скулпторот Ангел Коруновски.  

 

 

 

 

 

 

Спомен обележјето за празникот Богојавление –  Водици е  донација од кумот на манифестацијата „ Водици 2012“,  сопственикот  на градежната компанија „Адора Инженеринг“,  проф. д- р Ванчо Чифлиганец.

Krst spomenik

 

Идејата  на донаторот е покрај  тоа што ќе биде верско, духовно обележје, споменикот  да  претставува и туристичка атракција.

Свеченото откривање на споменикот ќе се одржи во сабота, 5ти јули.

 

{loadposition content9}