Skip to main content

На што ќе се греете вие зимава?

Најмалку 1000 пензионери од Охрид и Дебрца, веќе склучиле договори за набавка на огревно дрво преку своето здружение.

 |  Мишел Наумоски  | 
drva
дрва

Бранот поскапувања на енергенсите кој ја зафати државава сериозно му се заканува на плиткиот македонски џеб. И оваа година, најефтина алтернатива за греење на домот е огревното дрво. Од јавното претпријатие Македонски шуми велат дека уште во првите три месеци од оваа година се склучиле договорите за оваа грејна сезона. Организираната набавка на огревно дрво најчесто оди преку здруженијата на пензионери и синдикатите, а склучени се договори и со училишта и министерства. Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца, веќе склучило преку 1000 договори за набавка на огревно дрво, но тие се плашат од евентуалното поскапување на дрвата.

Sekretar penzioneriВо тој случај велат корисниците на дрва кои сеуште не ги исплатиле своите рати, ќе мора да ги плаќаат по новата, корегирана цена.

„Тоа е евентуално доколку има зголемување. Дали ќе се случи ќе видиме, но еве сега ја користам оваа можност да упатам еден апел до сите оние кои нередовно согласно договорот ги плаќаат своите заостанати рати, првенствено од оваа година, потребно е да си ги платат, за да не се случи евентуалното зголемување да ги зафати со евентуално зголемување од наша страна согласно договорот што ќе го побара јавното претпријатие „Македонски шуми“.-вели секретарот на здружението на пензионери на Охрид и Дебрца, Стефан Владимиров.

Смирувачки тонови упатија одговорните од јавното претпријатие „Македонски шуми“ и во поглед на цената и во поглед на расположливите количини на огревно дрво.

drva grejna sezona„За оваа грејна сезона, 2012/13 нема да има покачување на цената на огревното дрво. Таа ќе си остане иста, односно за буково дрво си останува 2370 денари за еден метар просторен, за дабово дрво 2453 денари за метар просторен. Исто така од пред еден месец имаме една нова категорија во ценовникот, огревно дрво за домаќинство од 3 до 7 сантиметри тоа огревно дрво е намалено, цената од 1858 денари за метар просторен е и за буката и за дабот. Односно тука имаме намалување за 512 денари кај буката и 595 денари кај дабовото огревно дрво.“-рече Марјан Стојаноски, шеф на кабинет во јавното претпријатие „Македонски шуми“.

Стојаноски додава дека зголеменото производство во текот на минатата година за 10 до 15 проценти не дава простор за паника и дека огревно дрво ќе има во доволни количини. Грејната сезона полека се ближи. Иако високите температури во моментов не ни дозволуваат да се грижиме за престојната зима, сепак малку по малку треба да се планира. Со струја која е поскапа за скоро десет проценти и парно скоро за четири, повелете, вие направете ја математиката.

{loadposition content9}