Skip to main content

НА „Танец“ ќе го отвори новото издание на Балканскиот фестивал

 НА „Танец“ ќе го отвори новото издание на Балканскиот фестивал.

 |  Валентина Неловска  | 

На Горни Сарај и вечерва ќе се ори фолклорната народна песна и игри од Балканските земји. Стартува 56-тото издание на Балканскиот фестивал на нарони песни и игри со целовечерен концерт на НА „Тане“ц. Серијата земјотреси кои го тресат Охрид досега не ги исплаши фолкористите да земат учество на добро познатата летна сцена.

„Нема откажување во однос на земјотресите. Но, ако се случи тоа не е ни по наша ни по нивна вина. Тоа е Божја работа“, кусо одговори Горан Стојаноски, директорот на Центарот за Култура Григор Прличев.

Охрид од далечната 1962 година со Балканскиот фестивал е домаќин на денес една од најстарите и најреномирани културни манифестаци за народниот мелос на овие простори. Низ годините на одржување на фестивалските денови продефилирале илјадници учесници и играорци, вели академскиот сликар Славко Упевче, програмски координатор  на фестивалот кој во неговата организација е вклучен од далечната 1975 година. Целта на фестивалската манифестација е зближување на младите луѓе и размена на искуства, дружење на луѓето од Балканските земји и пошироко.

„Ние од фествивалот сакаме да го задржиме автентичниот фолклор и она што е одлика на секоја култура на балканските земји и посебно“, напоменува Упевче.
Покрај НА „Танец“, годинава ќе настапуваат фолклорни ансамбли од Воден, Грција , Трстеник – Србија, Поградец – Албанија, Бугарија, Хрватска, Квинбијан- Австралија и две охридски КУД Пирамида и Отекс. Фестивалот ќе биде пропратен и со одржување на ликовна изложба на дела од 30- тина сликари од колекцијата на Домот на култура.

Вечерва Балканскиот Фестивал свечено ќе го прогласат за отворен градоначалникот Никола Бакрачески и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој е покровител на манифестацијата.