На улицата Железничка наскоро ќе се постават семафори на раскрсницата со Кленоец и Егејска
На улицата Железничка наскоро ќе се постават семафори на раскрсницата со Кленоец и Егејска.
На раскрсницата на Железничка со Кленоец и Егејска наскоро ќе се постават семафори. Ова е одговорот кој го доби советничката Верица Хајба која го праша градоначалникто Никола Бакрачески кога ќе се реализираат ветувањата дека на магистаралниот пат Железничка ќе се зголеми безбедноста на граѓаните со поставување на семафори.
„ Ветувавте дека старите семафори по завршување на кружните крстосници на Туристичка ќе ги поставите на Железничка, дека правите проект и објавувате тендери и барате мислења за ова решение“, праша Хајба.
Градоначалникот Никола Бакрчески одговори дека даденото ветување и ќе го реализираат.
Постапката за поставување на семафори на Железничка е завршена. Наскоро би требало да издадат налог за подготвителни работи и семафорите ќе бидат поставени на барање на стручните служби и на граѓаните кои живеат во тој дел на градот“, рече Бакрачески.
Изјавата на градоначалникот ја поткрепи и ракводителот на секторот за Комунални дејности, Томе Змејкоски.
„ Беше разгледувана можноста за градење на кружни текови но немаше можност. Беше одлучено да се постават семафори и веќе од наредната недела ќе почнат активности за поставување на семафори на раскрсницата на Железничка со улиците Кленоец и Егејска“, кажа Змејкоски.
Од СВР Охрид информираат дека на Железничка во текот на ова агодина имало зачестени несреќи, но за среќа немало жртви. Заложба на СВР е да се подигне степенот за безбедносносната состојба на Желеничка и од нивна старна е зачестено поставувањето на сообраќајни патроли.