Skip to main content

Општина Охрид

На увид и јавна расправа Планот за подобрување на квалитетот на воздухот во Охрид 

Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 05.04.2024г. во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 11 часот.
 |  инфодеск  | 
Општина Охрид

Ставен е на увид и јавна расправа Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух  за  Општина Охрид (2023-2027).

Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Охрид (2023-2027) е објавен на веб страната на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk почнувајќи  од 15.03.2024 год. до 14.04.2024 год. 

Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 05.04.2024г. во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 11 часот.

Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за  Општина Охрид (2023-2027) до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација.

Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење,забелешки и предлози  по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е_маил: zivotnasredina@ohrid.gov.mk , или по пошта на следната адреса: Општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.

План за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Охрид (2023-2027).