Набрзо ќе се реконструира дел од ул „Стив Наумов“
Набрзо ќе отпочне реконструкцијата на ул „Стив Наумов“. На дел од оваа улица има големи оштетувања, на што укажаа мештаните од овој потег. Надлежните од Локалната самоуправа, не само што се свесни за лошата состојба, тие ветија дека ќе изведат квалитетни градежни зафати за надминување на проблемот.
Ќе се санираат оштетувањата на дел од патот ул „Стив Наумов“, најавуваат од општина Охрид. Во право се забелешките на граѓаните дека голем процент од трупот на патот е уништен и пропаднат признаваат од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици. Портпаролот Љупчо Танески, кажа дека нивните стручни тимови на терен ја увиделе лошата состојба и дека веќе преземаат мерки за надминување на проблемот.
„За тековната 2017 година овој дел од ул „Стив Наумов“ е предвиден за реконструкција и санација, односно е во тендерот кој што неодамна е активен за крпење на ударни дупки и асфалтирање на пристапни патишта и улички на територијата на општина Охрид, овој дел од улицата е предвиден, во оној момент кога временските услвови ќе бидат поволни за асфалтирање и тампонирање бидејќи се работи за отворен простор“
Со оглед дека станува збор за коловоз каде во одреден временски период се паркираат тешки товарни возила, Танески појаснува дека планираат на тој дел од патот да обрнат посебно внимание при санација и асфалтирање.
„Во планот на Секторот е најпрво е предвидено тампонирање на овој дел од патот со што ќе се исполнат условите да се елиминираат понатамошни проблеми од ваков тип, откако ќе започнат градежните активности ќе можеме поконкретно да зборуваме за финансиската конструкција за реализација на оваа градежна активност, но најзначајно е да се напомене дека освен асфалтирање на овој потег ќе се пристапи и на наново тампонирање на овој дел од патот“ .
Танески информираше, дека програмата за 2017 година веќе отпочнале да ја реализираат, односно дека нивните екипи отпочнале со асфалтирање на две патчиња на ул „Сирма Војвода“ и дека ќе продолжат и во иднина со несмалено темпо.