Skip to main content

национален парк галичица

Националниот парк Галичица е дел од Асоцијацијата на Европски ренџери

Од Национален парк Галичица информираат дека Националниот парк Галичица е примен во Асоцијацијата на Европски ренџери.
 |  инфодеск  | 
Галичица

Од Национален парк Галичица информираат дека Националниот парк Галичица е примен во Асоцијацијата на Европски ренџери.

-Изминативе години нашиот вработен Ѓуро Јовчески одржуваше интензивни средби со Европската федерација на ренџери, кои вродија со зачленување. Ова е огромна придобивка за нашиот парк и одлична можност за продлабочување на соработката и стекнување на дополнителни вештини за нашата ренџерска служба, кои ќе придонесат за заштита и унапредување на природата. Целта во иднина е да се формира национална организација на ренџери, каде би членувале и ренџери од други заштитени подрачја од Македонија, велат во нивното соопштение.

Инаку, Европската федерација на ренџери (ERF) која е формирана во 2017 година, е европска организација за вмрежување на професионални ренџери и други лица во секојдневното управување со заштитените подрачја, зачувување на дивиот свет и живеалиштата, безбедност на посетителите, едукација и толкување и спроведување на законот и активности против незаконското ловење на дивеч.