Skip to main content

Црвен крст

Национална кампања по прва помош

Обуките по прва помош ќе ги спроведуваат лиценцирани предавачи/демонстратори по прва помош, а планирано е да се опфатат околу 1000 млади лица на возраст од 12-18 години.
 |  инфодеск  | 
Прва помош

Под мотото „Првата помош спасува живот“, Црвениот крст на РСМ ја спроведува Националната кампања по прва помош со која е предвидено до крајот на годината да се спроведат бесплатни обуки по прва помош за 25000 ученици од основни и средни училишта во целата земја.

Во рамки на Националната кампања, Црвен крст Охрид започна со реализација на бесплатните обуки по прва помош кои се спроведуваат на територијата на Општинa Охрид и Дебрца и каде ќе бидат опфатени сите основни и средни училишта во периодот од 20 септември до 20 ноември 2022 година.

Прва помош

Обуките по прва помош ќе ги спроведуваат лиценцирани предавачи/демонстратори по прва помош, а планирано е да се опфатат околу 1000 млади лица на возраст од 12-18 години.

На овие обуки, учениците ќе имаат можност да стекнат основни знаења за укажување на прва помош, како брза и витална интервенција чија цел е да се спаси човечки живот, но и да се намалат компликациите од настанати повреди и инвалидитет. Во текот на следниот период, продолжуваме и понатака со обуките за прва помош во останатите училишта – велат од Црвен крст Охрид.

Прва помош