Националната опера и балет со изведбата на најубавите дела на рускиот композитор Петар Илич Чајковски ќе го отвори годинешниот фестивал Охридско лето
Денеска менаџментот и селекторите ја објавија прогрмата за 61то фестивалско издание. Во музичкиот и драмскиот дел од програмата ќе бидат реализирани 34 концерти и 6 театарски програми. Годинава фестивалот се враќа во својот редовен термин со Свечено отварање на 12 јули, а фестивалските светла ќе се згаснат на 20 август.
Годинешното 61 издание на Фестивалот Охридско лето ќе биде свечено отворено со најубавите дела на рускиот композитор Петар Илич Чајковски. Изведбата на Националната опера и балет ќе ги содржи балетската трилогија „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“ и „Заспаната убавиц“, извадоци од балетот „Ана Каренина“ и операта „Евгениј Онегин“. Во овој грандиозен проект ќе настапат 90 македонски уметници од Националната опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска. Во текот на 40 дена фестивалска програма ќе настапат околу 500 уметници од 18 земји, истакна Наташа Поповиќ , директор на Фестивалот Охридско лето. Гордост, но и голема одговорност е да се зборува за врвна програма во време на ковид пандемијата, и секој настан се органзиара по строги мерки препорачани од здравствените власти. Ова фестивалско издание ќе има и хуманитарна нота, кажа Поповиќ.
„Во време кога сите обединети се справуваме со пандемијата, во време кога здравствените работници се нашите херои, олучивме концертот на Танец и Ладо под ѕвездите на НУ Ансамблот за народни игрии песни Танец , Македонија и Ансмаблот на народни хрватски игри и песни Ладо, кои се на програмата на 28 јули на Античкиот театар да биде од хуманитарен карктер . Средствата од влезниците ќе бидат донирани во здравството. Со тоа ќе покажеме дека сите сме сплотени во борбата со коронавирусот, но и ќе оддадеме благодарност за се она што го прават медицинските лица“.
Даница Стојанова, селектор на музичката програма на Охридско лето истакна дека ќе бидат реализирани 34 концерти од кои два во офф програмата. Концерти ќе се одржат на Античкиот театар, во црквата Св. Софија и Долни Сарај.
„Ќе настапат врвни уметници од многу европски земји , од Русија, уметници од соседните земји како и од македонската класична сцена. Програмата има прекрасна динамика, од самиот почеток до крајот претставува една голема музичка приказна која има за цел да ја прослави уметноста преку различни музички композиции.Ќе чуеме дела од најраниот барок, преку класиката, романтизмот, импресионизмот, до современтите светски автори како и дела од македонското класично творештво“.
Александар Попоски, драмскиот селектор на фестивалската програма најави квалитетна и атрактивна драмска програма. Избрани се 6 театарски претстави кои ќе бидат изведени од Српски и Македонски уметници.
„Оваа година прогрматата е составена од она што домашната продукција успеа да го создаде во овие специфични услови во кои мораа да работат театрите како и двете најголеми театарски куќи од Србија , Српското народно позориште од Нови Сад и Југословенското Драмско Позориште од Белград. Сосема сум свесен за ситуацијата во која се наоѓаме и за разликата помеѓу желбите и она што е реалност“.
Во рамките на драмската програма ќе може да се гледаат претставите „Крик за љубов“ од Охридакиот народен театар, Битолскиот театар со претставата „History of mother fucker“, Српскиот народен театар од Нови Сад ќе се претстави со животната драма на Џенис Џоплин, а Југослевенско драмско позориште со прествата „На отворено море“ од Бранислав Нушиќ во режија на Егон Савин и др.
Свеченото отварање ќе започне на 12 јули, а фестивалските светла ќе се згаснат на 20 август.